UBS преместува 32 милијарди евра од Велика Британија во Германија

26

Фото: UBS.com

Швајцарската банка UBS доби одобрување од судот во Лондон да премести 32 милијарди евра од Велика Британија во Германија, како дел од планот за одржување на бизнисот во Европската унија по излегување на Обединетото кралство од Унијата, пишува Reuters.

UBS, најголемата банка во Швајцарија, доби одобрение од судот за пренос на операции од подружницата во Лондон, којашто се занимава со инвестиционо банкарство.

Оваа швајцарска банкарска институција е последна од институциите кои бараат трансфер на својот бизнис надвор од Лондон, пред заминување на Велика Британија од ЕУ на 29-ти март.