Учи паметно, работи стручно – дијалог на МОН со компаниите за барани профили во стручните училишта

78

Министерството за образование и наука (МОН) почнува процес на консултации со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година. Под слоганот Учи паметно, работи стручно, министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници од Владата и МОН, градоначалниците и компаниите ќе разговараат за дизајнирањето на наставните програми и уписните политики во средните стручни училишта.

“Силно веруваме дека низ овој социјален дијалог заеднички ќе ги идентификуваме потребите и ќе можеме да одговориме на барањата на компаниите, но и за создавање на стручно образование коешто ќе создава кадар потребен на реалниот сектор“, соопшти МОН.

Првите вакви средби ќе се одржат денеска во Свети Николе и Штип. На средбата, покрај министерката за образование и наука Мила Царовска, ќе присуствуваат градоначалници, директори од средни стручни училишта, претставници на меѓународни организации и институции и претставници на Стопанските комори и на компаниите.

Овој процес, Министерството за образование и наука го реализира во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија.

Фото: Freepik