Училиште во Париз со посебна технологија ќе проверува дали учениците се внимателни на часовите

31

ucilnica

Фото: Pexels

Бизнис училиште од Париз ќе користи вештачка интелигенција и технологија за препознавање на лица за да се осигура дека учениците активно ги следат онлајн предавањата, пишува Vanguard daily.

Почнувајќи од септември, училиштето ESG ќе започне да го користи софтверот Nestor којшто го изработи компанијата LCA Learning.

“Технологијата собира податоци што може да се користат за да се подобри ефикасноста на учениците и професорите“, вели основачот на LCA, Марсел Сосет.

Веб камерите ќе се користат за анализа на движењата на очите и изразите на лицето за да се провери дали тие внимателно ги следат предавањата. Потоа, програмата креира тестови врз основа на содржината што можеби ученикот ја пропуштил поради невнимателност. Работата на професорите, исто така, ќе се подобри бидејќи ќе настојуваат да ги подобрат наставните техники за да го одржуваат вниманието на учениците.

Овој начин би требало да го подобри совладувањето на материјалот од страна на учениците, да се олесни дистрибуцијата на образовни содржини и следење на оние кои ги слушаат лекциите. Откако ќе заврши тестирањето на технологијата Nestor на онлајн курсевите, од бизнис училиште се надеваат дека истиот систем може да се воведе и на другите предавања.