Уделот на азиските земји во надворешната трговија на Русија е речиси 70 отсто

15

Учеството на Европската унија во вкупниот обем на руската надворешна трговија денес е само 16 отсто, додека учеството на азиските земји е зголемено на 70 отсто, изјави  вршителот на должноста шеф на руската федерална царинска служба Руслан Давидов.

На пленарната седница на Меѓународниот царински форум во Москва, Давидов изјави дека уделот на ЕУ во надворешната трговија на Русија пред пандемијата на корона вирусот бил повеќе од 50 отсто.

Давидов посочи дека трговската размена со Индија во моментов расте со најбрзо темпо, а значително расте и трговијата со Кина и земјите од Латинска Америка.

Евростат на почетокот на септември објави дека уделот на Русија во увозот од ЕУ од земјите надвор од Европската унија паднал на 1,7 отсто во јуни од 9,6 отсто во февруари, а уделот на извозот во истиот период паднал на 1,4 отсто од 3,8 отсто, објави Танјуг.