Уделот на доларот во глобалните девизни резерви на најниско ниво од 1995 година

31

Уделот на американскиот долар во глобалните девизни резерви се намали во последниот квартал од 2020 година на најниско ниво во последните 25 години, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд.

Аналитичарите велат дека падот делумно е поради прилагодување на вредноста.

Уделот на доларот во светските девизни се намали за 59% во последниот квартал од 60,5% во третото тримесечје од минатата година, продолжувајќи го надолниот тренд трет квартал по ред, пренесува Russia Today.

Пред 25 години, односно во 1995 година, уделот на американската валута во вкупните светски резерви изнесува 58%. Сепак, според податоците на ММФ, доларот и понатаму има најголемо учество во девизните резерви на централните банки во целиот свет.

Аналитичарите наведуваат дека светските девизни резерви во американски долари достигнаа највисоко ниво од седум илјади милијарди долари во четвртото тримесечје, а еден квартал претходно изнесуваа 6,93 илјади милијарди долари. Глобалните резерви во евра се зголемени на квартално ниво за 7% на 2,52 илјади милијарди долари.

Уделот на кинескиот јуан во глобалните резерви го продолжи нагониот тренд во периодот октомври – декември четврти квартал по ред, достигнувајќи ниво од 2,25%.

ММФ почна да го следи учеството на кинеската валута во глобалните девизни резерви од 2017 година.

Фото: Pexels