Уделот на брендот Lada на рускиот пазар на автомобили до крајот на оваа година ќе изнесува меѓу 22 и 23%, рекол шефот на Rostec, еден од сопствениците на Lada, Сергеј Чемезов.
“Уделот на Lada на рускиот пазар би требало да биде 22 до 23%. Тргнуваме од реалната прогноза дек целокупниот руски пазар би можел да надмине 1,8 милиони возила во 2021 година, но само се совлада кризата со снабдување со чипови и земјата даде поголема поддршка во последниот квартал“, рекол Чемезов.
Во првата половина од годината во Русија се продадени 200.000 автомобили од брендот Lada, којшто нуди пет модели: Vesta, Xray, Largus, Granta и Niva.
Фото: Pexels