Угостителите од 21 јануари ќе работат до 21 часот

26

Од 21 јануари кафулињата и рестораните повторно ќе работат до 21 часот. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека епидемиолошката слика во земјава е стабилна, се намалува бројот на хоспиталиизрани пациенти во болниците и има слободни болнички кревети, со што се овозможува враќање на работното време на угостителските објекти.

“На 21 јануари ќе се донесе одлука за продолжување на работата на угостителските објекти до 21 часот, но и можноста нивното работно време да се продолжи до 23 часот“, истакна Филипче.

“Единствено нешто што ќе се случи на 21 јануари е работното време на угостителите сигурно да се продолжи до 21 часот, а согласно проценката на ситуацијата до 21-ви, евентуално да се разгледа нивното барање за работа до 23 часот. Меѓутоа, сите други мерки остануваат во сила“, рече Филипче.

Фото: Freepik