Угостителските објекти можно е да работат до 23 часот

98

Министерот за економија, Крешник Бектеши смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот.

“Продолжување на работното време најверојатно ќе има од 21 јануари, а до кога ќе биде продолжението ќе зависи од предлогот што ќе го даде Комисијата за заразни болести. Имајќи ја предвид ситуацијата, јас мислам дека би требало да биде негде до 23 часот. Тоа е моето видување“, рече Бектеши.

Според него, не се работи на нови протоколи во угостителските објекти.

Фото: Pixabay