Угостителските услуги во април поскапи за 5,9% во споредба со истиот месец лани

18

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2024 година, во споредба со март 2024 година, е зголемен за 2.5 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 13.5 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во април 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5.9 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6.2 %, a во однос на декември 2023 година е зголемен за 1.3 %.