Угостителството има најголем удел во индустријата на Грција

53

taverna-pixabay

Фото: Pixabay

Бизнисот поврзан со угостителство има најголем удел во вкупната индустриска дејност во Грција, пишува Greek reporter.

Компаниите што работат во прехранбениот сектор ангажираат најголем дел од вработени – 28%, додека во металуршкиот сектор тој удел е 9%. Во однос на влијанието на овој сектор врз вкупната економија, прехранбената индустрија учествува со 20% во вредноста на бруто домашниот производ (БДП), а приходите остварени од оваа дејност се на второ место со 22% зад нафтениот сектор и рафинериите што генерираат приходи од 33%.

Податоците покажуваат дека во Грција преовладуваат мали угостителски објекти, на коишто отпаѓа 95% од вкупното производство на храна и 87% од пијалаците.

Поради финансиската криза, годишната потрошувачка на храна и безалкохолни пијалаци во Грција се намали за 20% во период помеѓу 2010 и 2015 година.