Дел од фирмите кои добиле финансиска поддршка од државата не им ги исплатиле средствата наменети за плати на вработените.
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, денеска на прес-конференција информираше дека за ноември минатата година поднесени се 13.851 барања и на 13.178 работодавци е исплатено 1.028.448.344 денари за вкупно 65.950 вработени.
Платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавци кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од Ковид-19.
Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други, кои не исплатиле плати на своите работници.
“Сто седумдест и девет компании кои примиле финансиска поддршка, а не ја исплатиле платата за октомври, по спроведените активности на УЈП овој број намален е бројот на 17 компании кои за 41 вработен примиле финансиска поддршка од 641.206 денари. Кај овие компаниите е во тек постапка на присилна наплата на неисплатена плата од парични средства на трансакциска сметка“, појасни Лукаревска.
Директорката на УЈП информираше дека за компаниите кои не ја исплатиле платата за април, мај и јуни 2020 година, спроведена е присилна наплата за исплата на плата. Со состојба трети декември 2020 година априлската плата сè уште не ја исплатиле 50 компании за 108 вработени, платата за мај не ја исплатиле 38 компании за 66 вработени, а за јуни 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број компании кои не исплатиле за еден два или три месеци е 125 за кои се поставени податоци во јавното обвинителство за поведување кривична постапка, пренесува МИА.
Листата со компании кои не ја исплатиле платата на работниците за ноември, а користат државна помош, според Лукаревска, ќе биде доставена но Генералниот секретаријат за јавна и транспарентна објава на неплаќачите.
Износот на финансиска поддршка за исплати на плати се определува врз основа на процентот на намалување на приходот и тоа во најнизок износ на финансиска помош од 14.500 денари за намален приход од 30 до 40 % и за намален над 80 % износот на финансиска поддршка е 21.776 денари.
Фото: Pixabay