УЈП: Даночните обврски редовно да се подмируваат

12

Управата за јавни приходи (УЈП) и за време на летните одмори активно ја следи даночната дисциплина кај сите даночни обврзници ставајќи посебен акцент на даночните обврзници во туристичките места во земјата.

Даночните обврзници што вршат дејност во туристичките места, како и субјектите кои се позиционирани на патните делници и ова лето се предмет на засилен мониторинг од страна на Управата за јавни приходи, преку зголемено присуство на терен и ангажирање на сите расположливи капацитети.

Од УЈП апелираат даночните обврзници редовно да ги подмируваат даночните обврски и укажуваат на потребата од зголемување на даночната дисциплина особено за време на летната и туристичката сезона, со цел избегнување на даночни и прекршочни постапки со кои би се соочиле бизнисите, а со кои би се намалила нивната сезонска заработка и углед.

Навременото и уредното плаќање на даноци е предуслов за создавање на еднакви услови на пазарот и лојална конкуренција, потсетуваат од управата.