УЈП домаќин на националните координатори на ЕУ Програмата Фискалис 2020

21

Управата за јавни приходи во периодот 17 и 18 Октомври 2018 година ќе биде домаќин на националните координатори на ЕУ Програмата Фискалис 2020 на која ќе присуствуваат 33 учесника од 31 земји членки на ЕУ и земји кандидати за членство во ЕУ, како и двајца претставници од Директоратот за Царина и оданочување (DG TAXUD) при Европската Комисија, се вели во соопштението.

На овој состанок Националните координатори ќе ги разгледуваат работните процеси во имплементирањето на алатката Работни посети во рамки на Фискалис 2020, резултати и предлози произлезени од работата на работната група за подобрување на ефикасноста од работните посети а воедно ќе одржуваат и работни сесии и дискусии каде ќе ги разменуваат најдобрите практики во користењето на оваа алатка.

Програмата Фискалис 2020 е програма на Европската унија во рамките на Генералниот директорат за даноци и царина (DG TAXUD) под раководство на Европската комисија чија oсновна цел е да се подобри функционирањето на даночните системи преку зголемување на соработката, размена на информации помеѓу земјите учеснички, нивните администрации и службеници во полето на даноци.

Освен даночните администрации на Земјите членки на Европската унија, Програмата е отворена и за даночните администрации на земјите со кандидатски статус.