УЈП: Досега поднесени 27.100 барања за мерките за финансиска поддршка за мај

33

Заклучно со вториот ден од јуни, од страна на работодавачите и самовработените лица поднесени се вкупно 27.100 барања за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај 2020, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

  • За мерката – Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени.
  • За мерката – Финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020, образец БФП-ИП поднеле 20.127 компании од кои 16.610 барања се прифатени.
  • За мерката – Субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании од кои 1.909 барања се прифатени.

За oвие мерки може да се поднесе барање БФС-СВД или БС-ПЗСО до петти јуни, односно барање БФП-ИП до седми јуни.

Фото: Freepik