УЈП: Доставата на решенијата за РДТ за декември и јануари ќе се врши во февруари

13

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира обврзниците на радиодифузна такса (РДТ) доставата на декемвриските и јануарските решенија за РДТ ќе се врши во февруари, односно веќе е започната.

Причина за тоа, како што стои во соопшштението, е потребата од дополнителни проверки на базите на податоци за РДТ и координираните активности со јавното претпријатие МРТ.

Плаќањето на радиодифузна такса за овие две решенија, за декември и јануари, граѓаните и фирмите потребно е да го извршат, како што е наведено, во најкраток можен рок од приемот на решенијата.

Фирмите и граѓаните може да ги користат електронските сервиси за проверка и плаќање на радиодифузната такса.