УЈП: Фирмите да се приспособат кон електронско пријавување на даноците

22

ujp-logo Даночните обврзници задолжително ќе треба даночниот биланс и извештаи пропишани од законот за пресонален данок на доход да ги достават по електронски пат до Управата за јавни приходи (УЈП).
Од УЈП уште отсега препорачуваат даночните обврзници да се приспособат и да ги користат придобивките преку системот за е-Даноци.
Постапката на регистрација кон новиот систем на е-Даноци се врши преку веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk/. За успешна регистрација и користење на е-Даноци потребно е даночниот обврзник да има дигитален сертификат зачуван на сигурносен уред токен, интернет и електронска пошта пријавена во Централен регистар на РМ.
Електронските даночни услуги овозможуваат намалување на времето и трошоците потребни за поднесување даночни формулари, постојан увид за состојбата на даночните плаќања и долговите евидентирани во УЈП, да ги запазат законските рокови за пријавување данок преку користење на електронскиот систем кој ви е на располагање онлајн 24/7.
Од УЈП наведуваат дека електронските даночни услуги овозможуваат висок степен на безбедност и сигурност на личните и деловните податоци на даночниот обврзник.