УЈП го објави возниот ред на мобилните даночни шалтери

18

ujp-4-580x335

На само половина месец пред крајниот рок за пријавување годишен данок, Управата за јавни приходи апелира да граѓаните да ги искористат услугите на мобилните даночни шалтери. Со трите специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи.

Возниот ред на Мобилните даночни шалтери за населените места за месец март можете да го погледнете овде или да се информирате и преку Инфо центарот 0800 33 000.