УЈП го продолжува работното време за прием на странки од осум до 14 часот

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека од петок 27.03.2020 година го продолжува работното време од 08:00 до 14:00 часот во Регионални дирекции/одделенија/шалтери.

Причина за оваа одлука на Управата за јавни приходи во услови кога во земјата е прогласена вонредна состојба поради Корона вирусот COVID-19, е да им излезе во пресрет на сите оние обврзници кои се најпогодени од последиците од Корона вирусот COVID-19 и на кои им е потребно уверение за платени даноци и придонеси што ќе им послужи пред Развојната Банка на Северна Македонија.

Управата за јавни приходи ги советува и упатува апел до даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи да го поднесат барањето за издавање на Уверение преку системот е-Даноци.

Во прилог е и листата на дејности кои може да аплицираат за кредитната линија на Развојната Банка на Северна Македонија.

ШифраНазив
 49.10Патнички железнички транспорт, меѓуградски
 49.41Товарен патен транспорт
 52.21Услужни дејности поврзани со копнениот превоз
52.24Претовар на товар
52.29Останати придружни дејности во превозот
55.1Хотели и слични објекти за сместување
55.10Хотели и слични објекти за сместување
55.2Одморалишта и останати објекти за пократок престој
56.1Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана
56.10Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана
56.29Останати услуги за подготвување и служење на xрана
56.3Подготовка и послужување на пијалаци
79.1Дејности на туристичките агенции и организаторите на патувања (туроператори)
79.11Дејности на туристичките агенции
79.12Дејности на организаторите на патувања (туроператорите)

 

Фото: Pexels