УЈП: Граѓаните и вршители на дејност да платат персонален данок на доход во најкраток рок

20

ujp

Доколку граѓаните не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2015 година и за претходните години (по основ на Годишна даночна пријава) и за 2016 година (по основ на Аконтативна даночна пријава), истото да го сторат во најкраток можен рок, соопштуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Ова се однесува и за самостојните вршители на дејност (занаетчии, земјоделци, трговци поединци, адвокати, нотари и слично) кои не извршиле плаќање на персонален данок на доход, без разлика дали станува збор за обврзник кој го плаќа данокот според реален или паушално утврден приход.

Граѓаните може да направат проверка на состојбата на долговите за персонален данок преку Интернет, користејќи ја услугата е-Плаќање на персонален данок.