УЈП: Измени и дополнувања на одлуката за повластена даночна стапка за ДДВ

26

ujp

Управата за јавни приходи информира дека е донесена Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите коишто подлежат на повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност од 22.01.2016 година, а со примена од први март 2016 година.

“Со измените и дополнувањата на Одлуката проширен е опсегот на примената на повластената даночна стапка и тоа во делот на: производи за човечка исхрана, производи што се употребуваат за исхрана на животни, бебешки производи и училишен прибор. Истовремено, прецизирано е дека фолиите од пластична маса подлежат на повластена даночна стапка од 5%, само ако се употребуваат во земјоделството“, стои на интернет страницата на УЈП.