УЈП ја објави четвртата листа на должници

19

ujp

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници број 04/2016 за долгови доспеани на 31.12.2015 и неплатени до 31.03.2016 година.

На листата се најдоа лица кои должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

За физичките лица и самостојните вршители на дејност долгот е повисок од 120.000 денари, додека на листата се најдоа правни лица чиј долг е повисок од 300.000 денари.