УЈП ја објави најновата Листа на должници

32

 Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.09/2023 за долгови доспеани до 31.05.2023 година и неплатени до 31.08.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.
    На Листата на должници бр.09/2023 објавени се  1730 должници – правни лица (помалку за 82 од претходната листа) и  3375 физички лица (помалку за 12 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2023 изнесува 8.210.260.105  денари, (помалку  за  367.283.742  денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.026.847.383 денари, (помалку за  359.229.765  од претходната листа), додека долгот за царински давачки е  183.412.722  денари (помалку за  8.053.977 денари од претходната листа).