УЈП ќе прими 100 рамковни административци

46

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во своето гостување во Утрински брифинг изјави дека УЈП има дефицит од кадри и ќе ги распореди 100-те рамковни административци.

“Во моментов подготвуваме решенија за распоредување во различни одделенија и во различни сектори бидејќи ние имаме недостаток на кадар во управата. Имаме колеги кои се пензионираат, дел кој ја напуштаа управата. Порано имало поголем број на инспектори, сега имаме намлена бројка така што ќе дадеме шанса на овие нови наши колеги да допринесат во приказната за работата на УЈП, вели Лукаревска.

Истакна дека сивата економија не се гледа само преку фискалните сметки, туку и преку даночните затајувања.

“Секој пат кога некој обврзник смета дека може да го изигра законот ние го согледуваме. Треба да работиме заеднички за и обврзниците и даночниците системски, заедно да го намалиме процентот на сивата економија. Отвораме нови типови на контроли, посебно преку онлајн трговија од каде што исто така се влече сивата економија“, рече Лукаревска.

Фото: Pixabay