Управата за јавни приходи ја најави новата аукција за продажба на движни и недвижни ствари. На веб порталот на УЈП може да се видат сите активни аукции, а постои и можност за онлајн разгледување и преглед на достапните аукциски производи (движни и недвижни ствари), како и можност да се пријавите и учествувате во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.
За да учествувате на е-аукциите на УЈП, потребно е претходно да се регистрирате како корисник на следниов линк.
Огласот за најавената аукција можете да го преземете тука.