УЈП објави листа за присилна наплата на радиодифузна такса

21

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) објави листа за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса.

УЈП ги повикува обврзниците кои должат радиодифузна такса наведени во објавената листа, најдоцна до 16-ти декември да ги подигнат решенијата за присилна наплата во просториите на регионалната дирекција на УЈП, секој работен ден од 8:30 до 18:00 часот и сабота од 8:30 до 14:00 часот.

Листата содржи име и презиме на обврзникот на радиодифузна такса, последна адреса, број и датум на решение.

“Доколку обврзникот има извршено уплати на радиодифузна такса во периодот од опомената до изготвување на решението за присилна наплата, потребно е да приложи докази при приемот на решението, како би можел даночниот орган да ги земе во предвид и да спроведе правилна постапка на присилна наплата. Доколку должникот не се јави и не изврши прием на решението, УЈП ќе изврши и еднократна објава во Службен весник“, се вели во соопштението на УЈП.

По објавата во Службен весник, како што се наведува, ќе се смета дека е извршена уредна достава на решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од листата, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигнувањето на решението и спроведување на постапката за присилна наплата ќе ги сноси обврзникот за радиодифузна такса.