УЈП објави нова листа на должници

61

ujp logo

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници број 03/2015 за долгови доспеани до 30.11.2014 и неплатени до 28.02.2015 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На оваа листа се наоѓаат оние должници чиј долг е повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејности и повисоки од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на УЈП согласно Законот за даночна постапка.