Укината забраната за авионски летови од Велика Британија

74

Се укинува забраната за авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија која важеше до крајот на 2020 година, објавија вечерва од Владата.

“Владата на Република Северна Македонија на денешната 36-та седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија која важеше до крајот на 2020 година, како и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од овие дестинации во рок 14 дена“, соопштуваат од владината прес служба.

Фото: Freepik