Почетна Новости Македонија Укинување на сертификатите за влез во моловите, препорачува Комисијата за заразни болести

Укинување на сертификатите за влез во моловите, препорачува Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести препорача укинување на сертификатите задолжителни за влез во моловите.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ рече дека еден од битните процеси во насока на релаксирање на мерките, односно тоа што ќе им даде основа да ги релаксираат мерките, пред сè е процесот на вакцинација, која кај нас е на многу ниско ниво – 41 процент од населението е целосно вакцинирано.