Украина го укина производителот на авиони Антонов

86

antonov

Владата на Украина ја укина државната компанија за производство на авиони Антонов, додека преостанатите оддели на компанијата се префрлени во државниот стратешки конгломерат Ukroboronprom, пишува Russia Today.

“Украинската влада донесе одлука за ликвидација на државниот производител на авиони Антонов, а трите оддели на компанијата се преместени во портфолиото на Ukroboronprom“, се вели во соопштението на украинското Министерство за економски развој.

Минатата година официјален Киев ја принуди компанијата Антонов да го раскине договорот со руската компанија United Aircraft Corporation, а причина за тој потег е одлуката на Украина Антонов да го интегрира во Ukroboronprom.