Украина: Ќе пропаднат 2,4 милиони хектари зимски култури, нема да се жнеат

33

Околу 2,4 милиони хектари зимски култури во вкупна вредност од 1,435 милијарди долари ќе останат неожнеани во Украина поради инвазијата на Русија, соопшти денеска украинското Министерство за земјоделство.

Во соопштението се наведува дека украинскиот земјоделски сектор досега претрпел загуби од 4,292 милијарди долари поради руската инвазија, пренесе Ројтерс.

Вредноста на родот што ќе пропадне се проценува на 1,435 милијарди долари.