Украина во април го достигна нивото на извоз што го имаше пред почетокот на војната

13

Во април Украина го достигна нивото на извоз што го имаше пред почетокот на војната, бидејќи во текот на тој месец извезе повеќе од 13 милиони тони производи со вкупна вредност од 3,3 милијарди долари, изјави украинската министерка за економија Јулија Свириденко.
Таа рече дека ова е поголем обем на извоз отколку што беше забележан во февруари 2022 година, кога Русија ја започна инвазијата на Украина, објави Киев Индипендент.

Свириденко изјави дека растот на извозот е поттикнат од отворањето на алтернативен поморски коридор, како и програмите за осигурување на бродови и подобрените услови за железнички транспорт на стоки до пристаништата на Дунав, а извозот во април е зголемен за 1,3 милиони тони во однос на март оваа година, пренсес Танјуг.