Ulock – паметен уред што го заклучува и отклучува велосипедот

29

ulock

Ulock е интересен изум зад кој стои истоимената италијанска компанија, а е посебно корисен за оние кои уживаат во возењето велосипед. Ова еколошко превозно средство е препорачливо не само за рекреација, туку и за побрзо пристигнување до посакуваната дестинација, избегнувајќи го градскиот метеж.

ulock-2

Но, вистински проблем е каде да се остави велосипедот, дали е на сигурно и дали сопственикот ќе го најде на истото место каде што го оставил.

ulock-3

Ulock е паметен уред што може да се постави на велосипед или мотор, така што безжично ќе се поврзе со мобилниот телефон на корисникот. Штом забележи дека корисникот се симне од велосипедот и се оддалечи повеќе од три метри, уредот сам се заклучува.

ulock-4

Апликацијата овозможува и лоцирање на заклучениот велосипед, што ќе им помогне на оние луѓе кои заборавиле каде го оставиле својот миленик на две тркала.

ulock-5

Цената на Ulock e 149 евра.