Улогата на физичкиот изглед во кариерата

33

kancelarija

Фото: Pixabay

Покрај одлично сработените задачи и вашиот придонес за тимот и компанијата и физичкиот изглед во одредена мера влијае на напредокот во кариерата, пишува Бизнис Инсајдер.

Со други зборови доколку се прашувате зошто сè уште не сте добиле унапредување можеби треба да направите одредени промени во вашиот изглед на работното место.

Едно неодамна објавено истражување од CareerBuilder потврдува дека менаџерите го гледаат и физичкиот изглед кога одлучуваат дали вработениот треба да добие унапредување.

Со истражувањето биле опфатени повеќе од 2.000 менаџери за човечки ресурси од САД, па така според нив следниве фактори имале влијание врз донесување на одлуките за напредок во кариерата на вработените:

44% не би унапредиле вработен/а доколку носи провокативна облека на работа.

43% не би дале унапредување на вработен/а чии алишта не се уредно испеглани.

32% не би унапредиле вработен доколку носи обетки (пирсинзи) на други места, освен на ушите.

27% не би дале унапредување на вработен/а кој/а што често носи премногу секојдневна облека на работното место.

27% не би унапредиле вработен/а кој/а што има видливи тетоважи.

25% не би дале унапредување на вработен/а со неуредна/непрофесионална фризура.

24% не би унапредиле вработен/а со постојано лош здив.

21% не би дале унапредување на вработен/а кој/а што премногу мириса на парфем или колонска вода.

15% не би унапредиле вработена која што носи премногу шминка.