Ultra LPG plus – ново гориво на Макпетрол АД Скопје

56

Foto 1

Макпетрол АД Скопје ја заокружува својата понуда со воведување на новото годиво од фамилијата Ultra, Ultra LPG plus и со воведување на ВЕРНА Loyalty програмата.

Компанијата за дистрибуција и промет со нафтени деривати Макпетрол АД Скопје денеска го презентираше новото ребредирано и подобрено гориво, Ultra LPG plus.

Макпетрол АД Скопје во палетата на горива Ултра, покрај горивата Ultra Diesel Power Jet, Ultra Diesel Bio Jet, Ultra 100 Race Pro, Ultra 95+ economy, воведува и ново Ultra LPG plus гориво специјално прилагодено за користење во возилата.

„Во денешно време многу корисници се ориентираат да возат на плин како алтернативно гориво во обид да ги намалат своите месечни трошоци. Но, доколку квалитетот на авто плинот не е со највисоки стандарди, во него може да има состојки кои се штетни за моторот. Макпетрол секогаш се грижи за своите потрошувачи и затоа ги применуваме највисоките стандарди за квалитет на горивата. Авто ТНГ горивото на Макпетрол, односно течниот нафтен гас за автомобили, целосно го задоволива македонскиот и европскиот  МКС ЕН 589 стандард. Ние како компанија секогаш се залагаме на потрошувачите да им го понудиме најдоброто решение зa нивното возило. Ultra LPG plus горивото на Макпетрол е збогатено со адитиви специјално дизајнирани за употреба како ефикасно погонско гориво во возилата”, истакна Горан Ангеловски, директор на дирекцијата за стандардизација, квалитет и екологија.

Новото Ultra LPG plus гориво на Макпетрол овозможува: Намалување на ефектот на рано палење на горивната смеса и зголемување на моќноста на моторот, отстранување на остатоците и наслојките во системот за вбризгување со што се овозможува подобро распрскување и согорување на горивото што доведува до зголемена ефикасност на моторот, економична потрошувачка и намалени емисии на издувни гасови. Штити од корозија со отстранување на водата и другите нечистотии, со што се обезбедува поголема заштита на системот за гориво. Исто така овозможува подобар старт на топло и студено време, со истовремена зштеда на гориво, обезбедува подобра мазивност на системот за довод исогорување на горивото и ги отстранува сите проблеми поврзани со присуството на пропилен и други незаситени јагленоводороди.

Уште една новост која Макпетрол АД Скопје ја презентираше беше успешното работење на ВЕРНА Loyalty програмата. Со програмата, Макпетрол ја наградува лојалностa на своите потрошувачи. Потрошувачите собираат поени за секој наполнет литар гориво на бензинските станици, како и за секој купен дополнителен производ, а истите потоа лесно можат да ги користат за купување производи од дополнителниот асортиман со приложување на својата ВЕРНА картичка. Специјално за корисниците на ВЕРНА, Макпетрол АД Скопје на своите потрошувачи им понуди уште една поволност – при купување на Лубекс палетата на производи добиваат плус поени.