По ладните зимски денови, секогаш следи трансформација на навиките и опкружувањето. Од удобното и топло домашно прибежиште, започнува да се цели кон пролетната раздвиженост низ урбаните градски улици. Познат по изненадувањата што ги организира за своите посетители, Капитол Мол овој пат одлучи со стил да ја испрати зимската сезона. Затоа, од 22-ри до 26-ти февруари, во срцето на Општина Аеродром, во Капитол Мол секој ќе има можност да биде дел од ултра уникатно шопинг искуство.
Со желба за освежување на својот стил и изглед, притоа оставајќи го својот личен печат низ полу – разбуденото Скопје, посетителите во Капитол Мол ќе имаат шанса да го збогатат својот гардеробер со одбирање на модерни модни комбинации. Пронаоѓајќи го својот стил некаде помеѓу мирисот на раната пролет и последните траги од зимата, скопјани неколку дена ќе имаат можност да бидат ултра расположени во еден од најубавите трговски центри во главниот град.
Почнувајќи од денеска, во Капитол Мол во полн ек започнува единствената Ултра распродажба, каде сите љубители на шопингот ќе можат да се збогатат со прекрасни модни парчиња, шминка, модни додатоци, часовници, средства за хигиена и многу други производи. Ултра распродажбата на Капитол мол ќе трае цели пет дена, а сите кои ќе го посетат молот, ќе можат да најдат производи намалени и до 70%.
Секој кој е цврсто убеден во својот стил, ќе ја има можноста да го пронајде своето омилено модно парче додека трае оваа ултра промотивна акција. За шопингот да биде додатно исполнет со енергија, Капитол Мол организира забава за сите во текот на викендот, забавно искуство кое ќе им помогне на посетителите да се опуштат и да го направат својот совршен избор.
Капитол Мол отсекогаш посветува уникатна грижа за сите свои посетители преку богата забавна програма, привлечни активности и промоции, низ текот на целата година. Искуството е секогаш уникатно и пријатно, исполнето со забава, среќа и радост, а очигледно е дека и во вториот и најкраток месец во годината истото навистина не е исклучок.