Цената на златото утринава достигна највисоко ниво во последните пет недели бидејќи војната во Европа, високата инфлација и ризикот од рецесија во САД ја поттикнаа побарувачката на инвеститорите за имот кој се смета за безбедно засолниште.
На пазарот, цената на овој благороден метал порасна за 0,17 отсто на 1.991,31 долар за унца, откако претходно го достигна највисокото ниво од 11 март, пренесува Блумберг.
Во пораст се и цените на другите благородни метали, вклучувајќи ги паладиумот, платината и среброто.