УНЕСКО: Венеција на списокот на загрозени ако не ги забрани крузерите

25

Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) соопшти дека ќе го разгледа предлогот Венеција да ја стави на својата листа на загрозени области, освен ако градот не издаде трајна забрана за застанување на крузерите во лагуната.

УНЕСКО најавува дека ќе разговара за ова прашање на пленарната сесија, што ќе се одржи од 16 до 31 јули. Во случај на одобрување, Агенцијата може да побара итна акција од италијанската влада до следниот февруари.

УНЕСКО предупредува дека опстанокот на Венеција ќе биде уште позагрозен доколку градот не издаде трајна забрана за крстарење на крузери. Потребно е итно долгорочно решение, кое целосно ќе забрани влез на крузери во лагуната и нивно пренасочување кон соодветното пристаниште, предупредуваат од институцијата, пишува Гардијан.

Фото: Pixabay