Унгарија ги ослободува младите под 25 години од данок на доход

21

Унгарија планира да ги ослободи младите под 25 години од плаќање персонален данок на доход најдоцна од јануари 2022 година. Ова го објави премиерот Виктор Орбан.

Според него, тоа може да го чини буџетот околу 130 милијарди форинти (439,35 милиони долари), пренесува Ројтерс.

Парламентарните избори треба да се одржат во Унгарија во првата половина на следната година, забележува британската агенција, додавајќи дека Орбан е на власт повеќе од една деценија.

Фото: Pixabay