Унгарија го доби првиот Ritz – Carlton хотел

75

budapestСветски познатиот ланец на хотели Ritz – Carlton го отвори својот прв објект во Будимпешта, Унгарија, пишува ftnNEWS.

Луксузниот хотел се наоѓа во самиот центар на градот, на плоштадот Елизабета со поглед на базиликата Свети Стефан, на само неколку минути од реката Дунав.

Градбата, пред да ја добие сегашната форма, била седиште на италијанска осигурителна куќа, а е изградена во 1914 година. По многубројните реновирања сега е дел од луксузниот ланец хотели и вклучува 170 соби и 30 апартмани.

Клубот на Ritz – Carlton, каде уживањето е на највисоко ниво, се наоѓа на осмиот и деветтиот кат на хотелот. Тука гостите можат дополнително да се опуштат со приватна консиерж услуга, врвни специјалитети и сè што ќе посакаат во текот на целиот ден. Хотелот вклучува и два ресторана и бар каде се нуди традиционална унгарска храна од најквалитетни состојки, како и врвни понуди на вино и пиво, а гостите истовремено можат да се восхитуваат на прекрасниот поглед на градот од терасите.

Освен тоа, хотелот има и сала за бал, којашто се наоѓа на приземјето и во која можат да се сместат 180 луѓе. Во нејзина близина се наоѓаат и пет сали за состаноци, додека на самиот врв на градбата се сместени спа и фитнес центарот со затворен базен.

6a0128763ee05d970c01b8d10ebb0c970cluksuz-hotel-odmor-destinacija-putovanje-ritz-budimpesta (7)luksuz-hotel-odmor-destinacija-putovanje-ritz-budimpesta (3)luksuz-hotel-odmor-destinacija-putovanje-ritz-budimpesta (2)luksuz-hotel-odmor-destinacija-putovanje-ritz-budimpesta (4)Ritz1153057941