Унгарската OTP Bank ја презема Banca Romaneasca

23

otp

Унгарската OTP Bank објави дека нејзината романска подружница OTP Bank Romania потпиша договор за преземање на 99,28% удел во романската банка Banca Romaneasca, која е во доминантна сопственост на грчката National Bank of Greece.

Banca Romaneasca е 14-та по големина на романскиот банкарски пазар, а како универзална банка е активна и во малопродажниот и во корпоративниот сегмент. Како резултат на оваа аквизиција, уделот на OTP Group на романскиот пазар ќе се зголеми за 4% и ќе стане осма банка по големина во оваа земја, стои во соопштението.

Финансиското затворање на трансакцијата се очекува да биде завршено до почетокот на 2018 година.