Унгарски МОЛ ќе ја тужи Хрватска?

44

mol_ina2_610Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ изјави дека владата сериозно се занимава со прашањето за гасниот бизнис склучен со унгарски МОЛ, оценувајќи дека поради договорот што го потпишала претходната влада, кој е штетен за државата, МОЛ сега се заканува, јавува ХРТ.

Проблемот е во тоа што уште во 2009 година е склучен договор со МОЛ со кој Хрватска се обврзала дека од ИНА ќе ја откупи Природни плин, фирма која се занимава со увоз и трговија на гас и која уште тогаш трупала загуби. Но, тоа до денес се уште не е сторено, па МОЛ по писмен пат се закани дека ќе поднесе тужба. Поради нереализираниот договор кој на Унгарците им носи загуби, МОЛ се закани дека ќе бара отштета од две милијарди куни (263,6 милиони евра).

На 18 септември треба да започнат преговори за измена на управувачките права во ИНА, од каде ваквото барање на МОЛ го толкуваат како завземање на преговарачка позиција.

МОЛ во ИНА држи 49,08%, а Хрватска 44,84% удели.