Унгарските компании инвестираа 2,5 милијарди евра во регионот

19

Унгарските компании во последните десет години инвестирале речиси 2,5 милијарди евра во регионот на Адриа, од кои најмногу, речиси 50 отсто, отишле во Србија (1,2 милијарди), потоа во Хрватска (869 милиони), Словенија (366 милиони). Најмалку, само 22 милиони евра инвестирале во Македонија, пишува Блумберг Адриа.

Меѓутоа, земјите од регионот Адриа значително помалку инвестираа во спротивна насока, односно во Унгарија. Најмногу инвестиции во последните десет години има Србија (73 милиони), потоа Словенија (48 милиони).

Според Блумберг, линијата меѓу бизнисот и политиката е заматена во Унгарија, каде што новата елита поврзана со семејството на унгарскиот лидер Виктор Орбан и неговата влада ги презеде големите бизниси откако националистичкиот лидер дојде на власт во 2010 година, пренесува Инвеститор.ме.