Уни Банка прокнижи добивка од 54,4 милиони денари во првиот квартал

36

uni-banka-facebook

Уни Банка првиот квартал од оваа година го заврши со добивка од 54.403.000 денари, покажува тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

“Во првиот квартал од 2017 година, банката оствари позитивен финансиски резултат во износ од 54,4 милиони денари, којшто во однос на минатата година е повисок за 23,2 милиони денари или за 74%, а се должи на значителниот пораст на нето приходите од камати и намалената загуба поради оштетување на нефинансиски средства“, стои во Освртот на финансиските резултати.

Во првите три месеци од 2016 година, банката прикажа добивка од 31.248.000 денари.

“Нето каматните приходи како најзначаен елемент на нето банкарскиот приход во однос на март 2016 година се зголемени од 131,6 милиони денари на 148,5 милиони денари или за 12,8%. Приходите од камати се зголемени како резултат на порастот на кредитното портфолио, додека расходите за камати бележат намалување и покрај поголемиот обем на депозити како резултат на пониските пасивни каматни стапки“, стои во Освртот на финансиските резултати.