Уни Банка со добивка од 116,8 милиони денари го заокружи крајот на септември

79

uni-banka

Универзална инвестициона банка (Уни Банка) од јануари до септември 2016 година оствари добивка од 116.859.000 денари, додека истиот период лани работеше со загуба од 45.633.000 денари.

“Нето активата на банката во септември 2016 година е на ниво од 14,1 милијарди денари, што е зголемување на истата за 12,9% во однос на септември 2015 година (12,5 милијарди денари). Обврските на банката во билансот на состојба бележат нето зголемување од 11,9%, што е резултат на порастот на вкупните депозити особено на депозитите на банки“, стои во Освртот на финансиските резултати.

Нето каматните приходи, како што се наведува, се зголемени од 370,5 милиони денари на 416 милиони денари или за 12,3%. Приходите од камати се зголемени како резултат на порастот на кредитното портфолио, додека расходите за камати го задржуваат истото ниво и покрај поголемиот обем на депозити како резултат на пониските пасивни каматни стапки.