Уни Банка за девет месеци прокнижи 190,2 милиони денари добивка

24

uni-banka-facebook

Уни Банка во период од први јануари до 30-ти септември прикажа добивка од 190.235.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, банката оствари добивка од 116.859.000 денари.

“Уни Банка заклучно со третиот квартал од 2017 година оствари позитивен финансиски резултат во однос од 190,2 милиони денари, што претставува пораст од 62,8% во однос на истиот период од минатата година. Главна причина се нето приходите од камати и нето приходите од провизии и надомести, што постигна раст од 16,8% и 7,6% соодветно“, стои во Освртот на финансиските резултати.

Нето приходите од камати, заклучно со крајот на септември, достигнаа вредност од 486.159.000 денари, додека нето приходите од провизии и надомести беа на ниво од 99.849.000 денари.

Кредитното портфолио на банката, според Освртот, се зголеми за 12,5% и достигна ниво од 10,6 милијарди денари. Депозитната база во истиот период се зголеми за 6,75% и достигна ниво од 11,9 милијарди денари.