УНИБанка го намали надоместокот за одобрување на ненаменски потрошувачки кредит

34

62b89e83-5d60-4faf-bd62-cc415b55277bOд 1 април 2013 година УНИБанка АД Скопје го намали еднократниот надоместок за одобрување на 1,25% за програмата на кредитни продукти наменети за граѓаните.

За овој кредит износот се движи до 900.000 денари, со каматна стапка 7,9% на годишно ниво и рок на отплата до 10 години. Истиот е наменет за вработените во јавна администрација и акционерски друштва кои ја примаат платата во УНИБанка, нудејќи им можност за рефинансирање на постоечките обврски по кредити и кредитни картички, како и за подмирување на нивните тековни секојдневни потреби.

Каматната стапка за кредитот, за оние кои земаат плата преку друга банка, изнесува 9,9%, со можност за нејзино намалување по преносот на плата во УНИБанка. Банката овозможува и кредит без жиранти за износи до 300.000 денари и рок на отплата до 5 години, при тоа разгледувајќи го секое барање од клиентите во рок до 3 работни дена.

“Постојано работиме на збогатување на палетата од кредитни продукти и услуги, а со посебно внимание ги следиме и ги приспособуваме постојните продукти тргнувајќи од моменталната побарувачка и финансиските можности на граѓаните. Ненаменскиот потрошувачки кредит со атрактивна каматна стапка 7,9% се покажа како полн погодок на пазарот и го потврди фактот дека УНИБанка секогаш чекори заедно со потребите на своите клиенти. Сега, со дополнителното намалување на надоместокот за 50% сметаме дека уште повеќе ќе го доближиме овој продукт до нашите клиенти”, изјави Александра Керметчиева, директор на Дирекцијата за кредитирање на мало во УНИБанка.