Уникатен автомобил на шест тркала оди на аукција

86

458264Чудесниот автомобилот со шест тркала на капетан Немо од филмот The League of Extraordinary Gentlemen од 2003 година, каде легендарниот Шон Конери ја толкуваше главната улога, ќе биде ставен на аукција.

Таканаречениот Nautilus со сигурност не е секојдневно возило, со оглед на уникатниот дизајн и перформансите. Возилото е едно од двете што беа специјално направени за филмот, а истото е целосно функционално.

458266

Автомобилот, којшто ќе го добие својот сопственик на 11 јули, е дизајниран од страна на продукцискиот дизајнер и сценограф на филмот Керол Спиер. Должината на возилото изнесува 6,6, а широко е 2,8 метри.

Изграден на шасија од Land Rover, Nautilus има V8 мотор и хидрауличен систем за подигање и спуштање на висината додека се движи.

458270

Инспирацијата за дизајнот е земена од хинду богот Ганеша и одбрани флора и фауна. Ентериерот е обложен со вештачка кожа, а има и оригинално Land Rover броило.

Автомобилот се проценува дека ќе достигне цена помеѓу 28.000-40.000 долари на аукцијата во Blenheim Palace, во Вудсток, Англија.