Уникатни сандали од 337.000 долари

3

luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-beyonse (3)Кога сте тешки милијарди, 337.000 долари не се некоја голема сума, но за обичната жена е незамисливо да поседува сандали со толкава вредност.

Поп дивата Бијонсе го нема тој проблем, па затоа нејзините стапала ги красат дијаманти вешто нанижани на уникатни сандали дело на дизајнерот Кристофер Шелис од Бирмингем, од луксузната дизајнерска куќа Borgezie.

Сандалите на високи потпетици се специјално дизајнирани за популарната пејачка, а освен нив, Бијонсе веќе поседува златен ремен од истиот дизајнер вреден 85.000 долари.

На креаторот му беа потребни повеќе од два месеци да ги создаде сандалите коишто се декорирани со повеќе од 1.300 дијаманти, односно 65.60 карати.

Дијамантите се поставени на 18 каратно злато, а високата цена се должи и на вградените скапоцени камења во самата потпетица.

luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-beyonse (5)luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-beyonse (6)luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-stil-dizajn-linija-beyonse (1)