
Италијанската банка UniCredit може да го зголеми својот удел во Commerzbank на 29,99 отсто, објави во понеделникот германскиот регулатор, заклучувајќи дека трансакцијата нема да ја загрози пазарната конкуренција со оглед на силната конкуренција.
Темелно ја проверивме конкуренцијата и заклучивме дека други „значајни“ компании работат во сите сегменти кои ќе бидат засегнати од аквизицијата, објасни првиот човек на регулаторот Андреас Мунд.
Уникредит го информираше регулаторот за аквизицијата во февруари. Во март ја „положи“ проверката на Европската централна банка (ЕЦБ).
Италијанската банка моментално контролира околу 28 отсто од Комерцбанк, поточно 9,5 отсто директно, преку акции и уште 18,5 отсто преку финансиски инструменти.
Извршниот директор на UniCredit, Андреа Орсел, рече дека пред да преземе дополнителни чекори, ќе разговара со новата германска влада.