Unilever го продава бизнисот со намази на KKR за 6,8 милијарди евра

4

untitledФото: Unilever

Unilever, гигантот за производство на храна, пијалаци, средства за лична хигиена и чистење, го продава бизнисот со маргарини и останати намази на инвестициската фирма KKR за 6,83 милијарди евра, јавува Reuters.

Производителот на сапуните Dove и супите Knorr се одлучи на ваков чекор со цел да се фокусира на своите останати производи. Брендовите што ќе бидат продадени се: Becel, Flora, Country Crock и Blue Band.

Бизнисот со намази со години е во опаѓање од причина што луѓето сè помалку јадат леб и маргарин. За да го спречи тоа Unilever се одлучи на продажба, а со тоа го привлече вниманието на фирмите со приватен капитал коишто беа главни понудувачи на аукцијата предводена од Goldman Sachs и Morgan Stanley.

KKR, компанија со седиште во Њујорк, има долга историја во потрошувачкиот сектор. Зделката се очекува да биде комплетирана кон средината на следната година.